Дневен хороскоп

ОВЕН

Марс има денес два прилично динамични аспекти кои на некој начин го активираат Големиот кардинален крст кој претпочита голема динамика, активност, излегување во јавност, па оттаму и доста тензии, наклонетост кон повреди и незгоди, но и агресивност од или во јавноста, на јавно место или од партнерот во најголем број случаи. Вас посебно ве предупредувам поради својата и онака вулканска природа да внимавате на своето однесување и на видот на енергијата која ја “зрачите” во околината и со која делувате и на другите. Морате да бидете исклучително толерантни кон другите, посебно кон партнерот.

БИК

Денешниот влез на Меркур во вашиот знак никој посебно нема да го забележи поради Марс и неговите аспекти, иако сите ќе имаат некакви промени во своите животи поради тоа. Ќе бидат попрактични или барем ќе размислуваат порационално, попрактично, иако тоа секогаш и не е среќата во животот. Од друга страна, внимавајте на своето здравје, нема да биде баш најдобро, но можностите се и дека ќе имате многу контакти со попрости луѓе или пак со личности кои ви се потчинети, зависат од вас или се на некаков друг начин субординирани. Контактите можат да бидат доста нервозни, на моменти и агресивни.

БЛИЗНАЦИ

Големиот космички дизајн за кој говорам и чиј учесник е Марс, заедно со Јупитер, Уран и Плутон, можете да го споредите со ветерница, и денес Марс е ветерот кој го придвижува, што значи прилично голема динамика, активност, креативност, но и голема нервоза ако другите не ги следат вашите желби и идеи, расправии со личности кон кои имате и најголеми и најсилни чувства, било да се тоа личности од спротивниот пол или децата. Многу избрзувања, контрадикторности на карактерот што може да се манифестираат, наклонетост кон незгоди и можни повреди од машини и електрични апарати, но и од превозни средства.

РАК

Марс кој денес толку многу го споменуваме се наоѓа во Вага, седмото природно поле и оттаму динамички ќе делува на вашите односи и контакти со домашните, најпрво со едниот родител, по правило тој со спротивниот пол од вашиот, поради некакви информации на поширок план, вести, или пак поради партнерот и односите со него. Можни се забрзувања да се заврши и докрајчи некаква работа, активност или пак да се започне нешто, но притоа со доста одлагање, нервоза, чувствителност, избрзани одлуки и решенија по тоа прашање, наклонетост кон откажувања.

ЛАВ

Прилично рунтави односи, денес и во следните неколку дена, имате потреба да биде се како што вие мислите, одредувате, проценувате, а тоа иако можеби е исправно може да доведе до конфликтни ситуации, бидејќи начинот на кој тоа го кажувате веројатно постои уште во војска. Внимавајте на сообраќајот. Активноста на Марс посочува незгоди и можни повреди поради машини, превозни средства, на јавен план, а таквите можности иако нема да им се случуваат на сите, добро е да се имаат на ум. Ова се однесува на сите без оглед дали сте или не сте зад управувачот. Внимавајте и на своите односи со соседите.

ДЕВИЦА

Меркур е во знак кој ви одговара според својот земјан квалитет, па можностите ќе бидат за едно догледно време, големи планови, со далекусежни последици, но сега сурово реални и практични, подготвени за реализација. Останува уште да се вооружите со волја и истрајност која ви е доста проблематична. Совет е сепак да почекате со започнување на реализација на некоја таква идеја, барем до четврток – петок кога се подобруваат условите за конструктивни и креативни исходи, кои не се баш гарантирани, ако се започне токму денес. Внимавајте на финансиите, има многу опции за незгоди и загуби на финансиски план.

ВАГА

Марс е во вашиот знак и оттаму ги активира “тешките” планети, вчера тоа беше Јупитер, а денес се Уран и Плутон. Денес започнува да делува Големиот кардинален крст, кој претпочита огромна динамика, нервоза поради тоа, исклучивост, настојчивост, бидејќи сте такви кога донесувате решенија. Желба за ослободување од внатрешните тензии, бруталност која многумина ќе ги изненади. Настојувањата, напросто опсесивноста нешто да се стори веднаш ако не се почека да пројде “главното” дејство, може да предизвика незгоди, насилни дејства, повреди, самоповредување во најчест број на случаи.

СКОРПИЈА

Можеби предупредувањата на внимание поради нервоза, тајновитоста на дејствувањето, конспиративност поради која немате вентил за ослободување од нервозата и тензиите, за вас се и најсуштествени. Односите ви се прилично лоши со најблиските најпрво, а потоа и со пошироките социјални кругови во кои дејствувате. Причината е и поради вашето можно здружување против оној или овој, поради постојаните конспирации и секако мисли кои инклинираат на негативна, односно нискофреквентна енергија на чувствата, која ги еманира вашето его и суета. Ова влијание денес е најсилно, во смисла на груб однос со другите, па дури и за бруталности, нечувствителност.

СТРЕЛЕЦ

Некакви социјални собитија во вашата околина секако ќе влијаат на вашите односи, посебно со пријателите но и на резултатите од вашите досегашни залагања и напори. Денес е ден за загуби, па убаво би било да сте смирени, опуштени и да избегнувате околности и случувања кои ќе ги забрзаат и засилат вашите нервози и внатрешни тензии, бидејќи поради тоа и веднаш настапува опасноста од незгоди и повреди. Учењето дека бројот на пријатели го еманира квалитетот на човекот, е доста голема глупост, само поради фактот што сите што ги познавате ги именувате како пријатели.

ЈАРЕЦ

Марс е пак ексклузивно активен и го активира денес Големиот кардинален крст, конфигурација која секако ќе биде исклучително активна во следните три-четири дена, со многу претерана динамика, активности, тензии и ќе го покрие влијанието од влегувањето на Меркур во Бик. Ова значи постојано движење или работење, и продукција на голема енергија која може да се употреби деструктивно или конструктивно. Со оглед дека сте земјан знак, а со тоа и нешто “поспори” во реакциите, конструктивноста може да се активира и манифестира во четврток или петок. Дотогаш внимавајте на сите полиња од голем интерес, да не сторите некоја фатална грешка, со збор или дело.

ВОДОЛИЈА

Иако дневниот аспект ви е премногу добар, други посилни аспекти можат да ве турнат во динамика која не сте ја очекувале, а кој е динамичен, брз тој и греши. Најбитно е да внимавате на законот и законското однесување и делување. Како прво. Како второ, почитувајте ги упатствата и прописите на институциите, роковите. Бидете исклучително претпазливи на собири, учество во голема толпа на луѓе, изнесување или поддржување на некакви идеи, особено од политичка природа. Ова го велам бидејќи и двата аспекта на агресивниот Марс кој денес е актуелен инклинираат кон повредувања, ненадејни агресивни случувања.

РИБИ

Не мора да ви се случува ништо особено деновиве, но може да бидете во некаков постојан грч и во очекувања на некаква реализација од напорите кои ги вложувате во нешто од големо значење за вас. Бидете засилено внимателни со раководењето, управувањето или шпекулациите со туѓи пари, посебно ако тоа ви е професија или дејност. Секако дека ви е потребен некаков “издувен” вентил каде би се ослободила и креативно формирала насобраната енергија, но тоа е можно или утре или во петок. Прашањето е што тогаш, бидејќи тензиите, напнатоста и динамиката можат да бидат преголеми за вас, па оттаму и агресивни изблици.

Коментари

Популарно