Фудбалерите на Барселона Лионел Меси и Луис Суарез се на заслужен одмор на Ибица, но случајно или не нив им прави друштво Цеск Фабрекас играчот на Челзи.
Триото стана хит на социјалните мрежи откако еден од келнерите се пофали на твитер со сметката која ја направиле фудбалските ѕзвезди истата вечер.
Фудбалерите истата вечер ни помалку ни повеќе потрошиле 37.330 евра само за храна и пиење.
На сметката која е во продолжение јасно се гледа дека фудбалерите не се „штеделе“, а најмногу се потрошиле за 41 шише шампањ кое ги чинело 24.600 евра.