Еден тинерџер почина, друг се бори за живот- Хорор во Струга

Ноќеска околу 03.15 часот на регионалниот пат Струмица-Берово, на излез од с.Дабиле кон с.Петралинци, патничко возило „Голф“ со струмички регистарски ознаки излетало од коловозот во речното корито на река Струмешница.

На местото починал Ѓ.А. (19) од с.Турново, додека А.Т. (19) од с.Радово се здобил со тешки телесни повреди. Истиот бил пренесен во Медицински центар Струмица, од каде поради сериозноста на повредите бил префрлен во Ургентен центар Скопје. 

Увид на местото на настанот извршила екипа на СВР Струмица. 

Коментари

Популарно