СНИМКА ОД ТЕПАЧКАТА НА ГРАНИЦА: Пребрзо македонските медиуми констатираа дека се Македонци и ги обвинија за некултура – две српски фамилии се степале!

На граничниот премин „Богородица” за влез во Грција се чека и по неколку часа.

Нервозен возач предизвикал инцидент откако нападнал возач на возило кое било зад него во долгата колона пред преминот.

Заедно со ова видео на социјалните мрежи кружат и сведоштва дека се работи за сопственици на возила со српски регистарски таблички, од Белград и Панчево.

Причината за тепачката е што едното возило влегло во колоната преку ред.

Очевидците тврдат дека најпрвин се степале жените на возачите, а потоа и тие.

Коментари

Популарно