Судењето на Заев за „поткуп“ одложено за 27ми Септември - еве зошто

Заев денеска, првпат како премиер, присуствуваше на рочиште во Основниот суд Скопје 1, како обвинет дека како градоначалник на Струмица побарал поткуп од струмичкиот бизнисмен Иван Николов Сачевалиев, во вредност од 160 илјади евра за градежно земјиште во Струмица.

Судењето за предметот „Поткуп“ во кој обвинет е премиерот Зоран Заев денеска е одложено за 27 септември, откако одбраната побара изземање на снимките од Посебните истражни мерки кои веќе беа објавени на Јутјуб. 

Заев изјави дека тој и неговата одбрана размислувале дали да ја објават целосната снимка за да се дознае целата содржина или да бараат нејзино изземање како доказ, по што се одлучиле да ја искористат втората можност што им ја дозволува законот.

Обвинителството треба да утврди и како снимката завршила на интернет.

Коментари

Популарно