ФОТО: Граѓаните на Струга ги превземаа работите во свои раце

Револтирани стружани вчера решија работите да ги превземат во свои раце откако депонијата почна повторно да гори. Тие оставиле ѓубре пред општината со цел да ги предупредат надежните дека веќе е редно време да превземан нешто во врска со истоимениот проблем.
 

Густиот чад, којшто синоќа се ширеше од депонијата, ветерот го носеше над градот, што предизвика реакции кај стружани.

Глигорие Ќатоски, претставник на граѓанската иницијатива „Доста“, информира дека доколку надлежните не ги исполнат нивните барања за дислокација на дивата депонија, која според него, претставува опасност по здравјето на стружани, граѓаните ќе преземат порадикални мерки меѓу кои блокирање на магистралните патишта, а не е исклучено ниту блокирање на граничниот премин Ќафасан.

– Потрошивме 100-тици илјади евра да ја изгаснеме и затрупаме депонијата, но не е затворена. Општина Струга на истото место повторно одлага отпад. На последниот протест предупредувавме дека и ова може да се случи, отпадот да заврши пред општинската зграда, истакна Ќатоски.

Сега, според него, уште покритично е што на депонијата нема лице кое ја одржува и повторно е запалена намерно. – Во моментов, депонијата не ја одржува никој, распишан е тендер за нејзино одржување, но проблемот може да се реши само институционално, нагласи Ќатоски.

Во името на Иницијативата, но и на сите стружани, тој побара целосна дислокација на депонијата, која не е легална и согласно стандардите. Доколку остане на постојната локација, Ќатоски смета дека и да се конзервира, повторно ќе загадува.

 

Коментари

Популарно