(ВИДЕО) Пред 31 година, СССР се врати од -9 и ја победи Југославија во полуфиналето од СП

На денешен ден, пред точно 31 година, се одигра еден од најдраматичните и незаборавни натпревари во историјата на југсловенската кошарка.

Тимот предводен од покојниот Дражен Петровиќ учествуваше на Светското првенство (СП) во Шпанија и на крај мораше да се задоволи само со бронзениот медал. Причината за третото место е трилер завршницата и поразот во полуфиналето од СССР, откако беше испуштена предност од дури +9 поени во последната минута.

На крај, СССР се радуваше на пласманот во финалето по продолжението со резултат од 91-90, откако резултатот по регуларниот дел на натпреварот гласеше 85-85.

Златниот медал го освои репрезентацијата на САД, која во финалето во тесен натпревар го совлада СССР со 87-85, а во борбата за третото место, Југославија го декласираше Бразил со 117-91.

Утешна награда за југословенските репрезентативци беше МВП признанието на сметка на Дражен Петровиќ, како најдобар играч на Мундијалот.

Коментари

Популарно