Ова се нозете на истиот човек: Едната фотографија е од одмор, а другата…

Маж од Полска ги шокирал сите со својата објава на социјалните мрежи.

Колку е велосипедизмот тежок спорт покажуваат и фотографиите од полскиот велосипедист Павел Полјански, објавени на Инстаграм. Возачот на екипата “Бора” објавил фотографија од своите нозе по “Tour de France”. Но, на неговиот профил може да се најдат и фотографии, на пример, од годишен одмор.

Првата е по вчера завршените 16 етапи на најпознатата велосипедска трка на светот, “Tour de France”, а втората е од одмор во Тоскана. Разликата во изгледот на неговите нозе е повеќе од драстична, и ни го покажува напорот кој е вложен при возењето.

“По 16 етапи нозете изгледаат малку изморено”, напишал на Инстаграм полскиот велосипедист.

Етапата била инаку возена од Ле Пиу ен Велаја до Романс Сур Исера во должина од 165 километри, а најбрз бил австралискиот велосипедист Мајкл Метјус. И натаму води Британецот Крис Фром, а пред велосипедистите се тешки етапи на француските Алпи.

Коментари

Популарно