ФОТО: Македонскиот фудбалер ги доби наградите за најдобар играч и најдобар стрелец

Од 16ти до 23ти Јули во Букурешт, Романија се оддржа 7та едиција на Европскиот турнир во футсал за лица со дијабетес „ДиаЕуро 2017“.
На овој турнир настапи и македонска репрезентација составена од 7 слатки играчи. Тимот предводен од Здружение на лица со дијабетес Алегрија Скопје, настапи по втор пат на овој турнир. Крајниот пласман е 9то место од 12, но мора да нагласиме дека со минимални припреми и помош тие цврсто се бореа до самиот крај.
Македонскиот Дијабетес Тим играше против тимовите на Унгарија, Португалија, Белгија, Бугарија и Киргистан, а натпреварите можеше да се проследат во живо на фејсбук страната DiaEuro каде и се уште може да ги најдете снимките од истите.
Она што е за голема пофалба и треба да се нагласи е дека македонската репрезентација имаше и по два натпревари дневно со само две измени.
Дополнително покрај трфеите за прво место- Хрватска, второ место- Унгарија и трето место-Русија, титулите за најдобар играч на турнирот и најдобар стрелец ги доби капитенот на Македонскиот дијабетес тим, Никола Глигороски кој има дијабетес од своето детство, а сега професионално игра фудбал за Шкупи, кој е во првата македонска лига.
Со ова овие момчиња докажаат дека дијабетесот не е пречка во животот и дека со добра контрола може да се прави се. Амбициите се големи и велат дека следната година целта е да се вратат дома со медал.
Затоа упатуваат порака до сите млади лица со дијабетес кој активно се бават со фудбал, професионално или аматерски да им се приклучат во тимот кој ќе се бори за медала, следната година во Словачка.
Повеќе информации може да најдете на следниот линк и да проследите неколку фотографии од самиот турнир:
ЗдружениеАлегрија
 

Коментари

Популарно