Со 64 гласа за и 0 против, разрешен јавниот обвинител Марко Зврлевски

Со 64 гласа „За“ и 0 „Против“, државниот јавен обвинител Марко Зврлевски денска беше разрешен од страна на пратениците во Собранието.

Пратениците од опозицијата како и што најави координаторот на една од претничките групи на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, не присувствуваа на гласањето за разрешување на јавниот обвинител.

Дебатата за разрешување на јавниот обвинител, Марко Зврлевски траеше 20 дена, откако пратениците од опозицијата со меѓусебни реплики и контра-реплики ја успоруваа работата на Собранието, а разрешувањето беше проследено со аплауз од страна на пратениците на парламентарното мнозинство.

Коментари

Популарно