Жерновски се откажа, еве кој е кандидат за градоначалник од СДСМ за општина Центар

Саша Богдановиќ ќе биде кандидат за градоначалник од СДСМ за општина Центар. По долга неизвесност дали СДСМ ќе го поддржи актуелниот градоначалник Андреј Жерновски, кој веќе ја објави својата независна кандидатура, лидерот на СДСМ, Зоран Заев, вечерва објави дека партијата решила да оди со свој кандидат, а Жерновски ќе биде дел од Владата, односно централната власт.

Инаку, Богдановиќ, кој е актуелен директор на ПОЦ(паркинзи-Центар) и претседател на градската организација на СДСМ, во моментот е и шеф на изборниот штаб за општина Центар. По неговото кандидирање, оваа функција ќе мора да ја преземе друг

Коментари

Популарно