Цимерот од затворот на Зоран го открива пеколниот план

Минатата недела во редакцијата на српски Свет се јави А.Р кој во вторникот на 19 септември бил пуштен од Централниот затвор, како што вели тој бил затворен 20 дена поради кражба , па е пуштен на условно.

- Бев во близина на Марјановиќ околу 5 дена. Него го донесоа во ноќта меѓу петокот и саботата, беше сместен во ќелија со двајца со кои бев во добри односи. Зоран беше тема на оговарање откако дојде во затворот, вака ја почнува приказнара А.Р и продолжува:

- Сите гледаа во него. Искрено, сите нас не интересираше како се однесува, дали навистина е секташ. За жал, не зборуваше многу. Повлечен и тивок, но плачеше неколку пати. Но најлош бил во текот на ноќта. Неговите цимери ми зборуваа како вриштел, плачел, повикувал демони.... Верувајте ми тоа не е добро. Тој и во сон зборувал како некои виши сили ќе му помогнат. Никој не му се плашеше но навистина чуден човек. Во затворот се зборуваше дека Зоран има пеколен план кој може да го спаси од затвор. Бидејќи тој и неговите адвокати сфатиле дека овој пат имаат сериозни докази за да го уапсат и задржат, дошле на идеја пред судот да тврдат дека е луд, а пред тоа во затворот да се обиде да се самоубие. Нормлано не би било тоа вистинско самоубиство, туку лажен обид. Кога во обвинителството ќе видат дека е психички нестабилен, и дека е подготвен да си го одземе животот, дека е опасен по самиот себе, тогаш тие поинаку ќе гледаат на него.

Соговорникот кој сакал да остане анонимен вели дека Зоран многу се грижел како надвор се однесуваат неговиот татко и брат.

Таткото и братот него најмногу го грижат. Така рече еден затвореник, велел дека Владимир знаел да збори многу, не знае што говори и изјавува се и сешто, и тоа го нервира, околу тоа и се расправале надвор. Брат му и татко му многу се грижат за него и таа нервозаа може да ги скрши ако притисокот продолжи, уште толку ќе ги отежни работите, вели соговорникот. 

Коментари

Популарно