Еве каде ќе има втор круг гласање

Од вкупно 80 општини, во 35  ќе се трча втор избор круг на 29 октомври, додека во 45 резултатите се извесни уште од вчерашното гласање. Од Државната изборна комисија до овој момент не ги прогласуваат резултатите за конечни, оти мора да се почека законскиот рок од 48 часа за приговори. 

Но од досега објавените резултати извесно е дека во првиот круг СДСМ освои 37 општини, ВМРО ДПМНЕ 3, ДУИ во општини.

Во Скопје, според последните информации, кандидатот Петре Шилегов , кој веќе објави победа, освои 50, 27 проценти од гласовите, а 36,12 неговиот противкандидат  Коце Трајановски. Но и овде епилогот од трката конечно ќе се потврди откако ќе мине 48часовниот период за приговори. 

Инаку според досега објавените резултати, градоначалници се избрани во  Аеродром, Арачиново, Берово, Битола, Богданци, Босилово, Валандово, Василево, Вевчани, Велес, Гевгелија, Ѓорче Петров, Делчево, Демир Хисар, Дојран, Зелениково и уште во 29 општини. 

Втор круг засега ќе има во Боговиње, Брвеница, Бутел, Виница, Врапиште, Гази Баба, Гостивар, Градско, Дебар, Демир Капија, Пробиштип, Росоман, Долнени, Желино, Зрновци и уште 20 општини. 

До овој момент е веројатно дека СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ќе се натпреваруваат во вториот круг во 19 општини, ДУИ и Алијансата за Албанците во пет, ДУИ и БЕСА пак во седум.

Во една општина трката ќе биде меѓу кандидат на група избирачи и на ВМРО-ДПМНЕ, во една ќе се натпреваруваат ДУИ и СДСМ.

Исто така, во една СДСМ и Сојуз на Роми и во уште една, ДПА и БЕСА.

Коментари

Популарно