Брат силувал сестра во Скопје!

Дваесет и шест годишната П.Н. од село во скопско, вчера во 13:30 часот во полициска станица пријавила дека била силувана од страна на нејзиниот брат, соопшти МВР.

– П.Н. околу пладне на 16.10.2017 година, додека била сама во куќата, одзади и пришол нејзиниот брат Р.Н. (27), со рака и ја затворил устата, ја соблекол и ја силувал. После тоа и се заканил дека ќе ја убие ако каже на некого. Во вечерните часови настанало расправија помеѓу пријавителката, нејзиниот брат и нивната мајка. По расправијата брат и физички ја нападнал, а потоа земал нож и и нанел расекотина на прстите од раката, наведуваат од МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Коментари

Популарно