Груевски: Пуштаат криминалци од затвор, а за тегнење коса одредуваат казна 4 години затвор

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ , Никола Груевски во специјалното издание на магазинот „Седмица“ на ТВ Алфа обвини дека  има големо заплашување и следење како на членовите на партискиот врв или на кандидатите за градоначалници со цел да се уништи ВМРО-ДПМНЕ.

- Целото подземје од криминалци, дилери на дрога беа ставени на располагање на СДСМ, да влијаат на секој до кој имаат допир и можеа да му се закануваат- рече Груевски.

Тој додаде дека дури и СЈО и ОЈО се користат за да ги заплашуваат членивите на ВМРО-ДПМНЕ.

Груевски рече дека ги пријавиле сите заплашувања, но не ја поседуваат целата  документацијата бидејќи луѓето кои ги поседуваат се плашат од реваншизам.

Тој порача дека Владата пушта од затвор големи криминалци ,а обвинува луѓе за мали работи затоа што учествувале во настаните од 27 април.

-Дали човек кој тегнел некого за коса треба да се казни 4 години. Ако сакаат да се одмаздат некому, тоа нека ми го направат мене, и на членовите на потесното раководство на ВМРО-ДПМНЕ. Нека ме затворат и казнат, но не да ги казнуваат луѓето кои поради изблик на гнев се однесувале така во Собранието– рече Груевски.

Коментари

Популарно