Заев очекува обид за атентат од Русија, ако Македонија влезе во НАТО

Македонскиот премиер Зоран Заев очекува Русија жестоко да реагира кога ќе дојде време Македонија да влезе во НАТО, како во случајот со Црна Гора.

„Како реагираа околу Црна Гора, веројатно ќе реагираат жестоко. Подготвени сме. Мојата земја нема друга алтернатива. Јас само велам вака: ‘Ние сакаме да ја унапредиме нашата соработка со Русија, сакаме што повеќе домати да продадеме таму, и зелка и сите наши земјоделски производи што ги имаме. Но, ние немаме алтернатива за НАТО“, изјави тој во емисијата „Жива вистина“ на црногорската Прва телевизија.

Заев додаде дека Русија не ги крие своите ставови, но и оти единствената правилна одлука на македонскиот премиер е да го следи македонскиот интерес, без оглед на евентуалните последици по него лично, повикувајќи се на искуството на црногорскиот премиер до лани Мило Ѓукановиќ.

„Знам дека имаше обиди дури и за ликвидација. Добро е што навреме е реагирано и спречено сето тоа. Му благодарам на Бога. Сега некои аналитичари ми велат: ‘Сега ти си на ред’. Чекај. О.К. Ако треба нешто да се случи, нека се случи. Јас сум се нафатил да бидам премиер на својата земја, на мојата земја ѝ треба лидер и јас сум подготвен да носам такви одлуки какви што моите граѓани очекуваат по цена – што биде нека биде“, рече Заев во интервјуто за подгоричката Прва ТВ.

Коментари

Популарно