Енвер Малиќи е новиот заменик на градоначалникот Шилегов

Eнвер Малиќи е новиот заменик-градоначалник на Скопје. Како што информираа градските власти, скопскиот градоначалник, Петре Шилегов, попладнево го назначил Малиќи, со кого дискутирале за идната соработка и предизвиците кои ги очекуваат.

Со ова решение Малиќи ќе го заменува градоначалникот на Град Скопје во време на спреченост или отсуство, односно ќе ги извршува сите обврски и ќе ги има сите овластувања во надлежност на градоначалник во согласност со закон, информира Град Скопје.

Енвер Малиќи е избран за член на Советот на Град Скопје на локалните избори што се одржаа на 15 октомври 2017 година, од советничката листа на Демократската унија за интеграција. Тој е долгогодишен стопанственик, сопственик на компанијата „Гемак Трејд“ и хотелот „Парк Хотел и Спа“.

Коментари

Популарно