ВИДЕО: Запалено знамето на УЧК пред амбасадата на Албанија

Уште еден инцидент со палење на знаме. Откако пред неколку дена на два пати беше запалено македонското на Косово, сега во во пламен знамето на УЧК. Десетици Грци со знамето на нацијата во рацете се собраа пред албанската амбасада да го запалат знамето на Ослободителната војска на Косово- пренесуваат Алб портали.

Во протестот што се одржа пред неколку дена, тие извикуваа антиалбански повици, додека во видеото објавено на социјалните мрежи се гледа како тие навиваат.

Коментари

Популарно