Откажана комисијата за законот за јазици, пред Собрание шатори

Комисијата за европски прашања на која утре требаше да почне амандманската расправа за  законот за употреба на јазиците е откажана. Нема информации кога би се одржала и зошто буквално преку ноќ ја снема од веб страницата на Собранието.

Претседателот на комисијата Артан Груби кој што е во работна посета во Брисел не одговараше на  телефонските повици. Откажувањето на комисијата доаѓа откако вчера еврокомесарот Јоханес Хан ја предупреди Владата дека законот за јазици не  е европски приоритет.

Во меѓувреме  дел членови на здружението македонски национален совет поставија шатори пред Собранието и порачаа дека нема да си одат од таму додека не  се повлече законот за употреба на јазиците.

„Проценив дека неделава е многу значајна за други реформски прашања и дадов предност на тоа за да не овозможам дефокусирање на јавноста од тоа што во моментов е најзначајно и итно“,  вака претседателот на комисијата за европски прашања Артан Групи за Телевизија 24 ја објаснува зошто комисијата за европски прашања на која што требаше утре да почне амандманската расправа за законот за јазиците е откажана.

Груби тврди дека оваа одлука нема врска со предупредувањето на еврокомесарот кој јасно и порача на Владата дека законот за јазиците не е европски приоритет.

До комисијата има поднесено 90 амандмани, а опозицијата побара да се тргне од законот европското знаменце.

Коментари

Популарно