Пијан Русин паднал од деветти кат, повикал полиција и продолжил да пие

Маж во Москва, се опијанил и паднал од прозорецот од деветти кат во зградата каде живее, а потоа се вратил во неговиот стан, повикал полиција и продолжил да пие.

Тој паднал на бетон, но само се здобил со гребнатинки по телото бидејќи претходно паднал на кров.

Кога полицијата пристигнала во неговиот стан тој веќе заборавил поради што ја повикал.

Сепак, пијаниот човек бил одведен во болница.

Русите често се на врвот на листата на лица кои користат алкохол, и покрај многубројните кампањи против алкохолот.

Коментари

Популарно