Дознајте ги одговорите на неколку непријатни прашања поврзани со вашата вагина

Среќната жена мора да биде здрава. Меѓутоа, одвреме навреме може да се појават и некои проблеми. Дознајте ги одговорите на неколку непријатни прашања.

Понекогаш вашата вагина ужасно ве чеша? Дали е тоа нормално? 

Вагиналното чешање не е нормална појава. Причината за тоа може да инфекција или дерматитис, но и иритација од синтетички материјали. Затоа задолжително користете памучна долна облека, а ако проблемот се јавува и понатаму, посетете го својот лекар.

При сексот со своето ново момче вашите срамни усни се болни, црвени и отечени? Дали сте можеби алергични? 

Овие симптоми можат да бидат предизвикани од габична инфекција candidom albicans или инфекција од вирусот herpes simplex. Ако сте ги ислкучиле инфекциите како причина за проблемот, причина може да биде и алергиска реакција, но не на гениталиите на момчето, туку на латекс, лубриканти или на неговата ејакулација, иако тоа е многу ретка појава. Обидете се да користите кондоми без латекс, а на тој начин ќе го спречите и контактот со неговата сперма. Но, причина за вашите проблеми може да биде честиот и врел секс.

Откако ќе доживеете оргазам, вашиот клиторис е болен на допир? Зошто?

Клиторисот има најголема густина на нервни влакна од целото тело. По оргазмот, тој набрекнува бидејќи е полн со крв, а тоа го прави исклучително чувствителен така што директниот допир може да биде многу непријатен. Болката ќе исчезне штом крвта се повлече од тој дел.

Дали оперативно реконструираниот химен го прави сексот подобар? Зошто некои жени ја сакаат таа постапка? 

Хименот пука за време на сексуалниот однос, при вежбање или при користење тампони, при што остануваат само неговите остатоци. Кај некои религии и култури потребно е да се има недопрен химен, па затоа реконструкцијата во тие случаи може да придонесе за психолошко олеснување, но тоа во никој случај не го подобрува сексот.

Коментари

Популарно