Тони Михајловски, Влатко Ѓорчев, Коце Трајановски, избран новиот Извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ

Актерот Тони Мијаловски, координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев, ексградоначалникот на Скопје, Коце Трајановски, претседателката на Унијата на жените, Даниела Рангелова, и претседателот на УМС, Владимир Нелоски, се помеѓу позвучните имиња во новиот Извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски во согласност со очекувањата предложи повеќе нови кадри како дел од неговиот план за модернизација на партијата, а во новото раководство ги изостави Антонио Милошевски и Илија Димовски, кои беа потписници на писмото во кое се критикуваше неговиот избор за претседател на партијата.

Во новиот состав на Извршниот комитет влезе и Костадин Богданов, кој беше еден од барателите за реформи во ВМРО-ДПМНЕ.

На денешниот Централен комитет најголемата опозициска партија го избра за генерален секретар поранешниот директор на Јавното сообраќајно претпријатие, Игор Јанушев, а за потпретседатели беа избрани ексминистерот за транспорт и врски, Владо Мисајловски, актуелниот градоначалник на Кавадарци, Митко Јанчев, и поранешниот пратеник Александар Николовски.

Коментари

Популарно