(ВИДЕО) Лино Червар е парично казнет за зграпчувањето на белорускиот ракометар

Хрватскиот ракометен селектор Лино Червар парично е казнет од ЕХФ со 3.000 евра, поради неспортскиот потег, кој го направи на мечот со Белорисија. Со тоа беа решени сите дилеми дали Червар ќе може да ја води својата селекција во продолжението од Европското првенство во ракомет и на следниот натпревар против Норвешка. ЕХФ го казни хрватскиот селектор, бидејќи во последните секунди од натпреварот против Белорусија се обиде да блокира играч на противникот. Червар ја мина линијата и го зграпчи белорускиот играч Артур Краватски.

Иако му се закануваше тешка казна за неспортски потег против Белорусија, ЕХФ го казни Червар само парично.

Коментари

Популарно