(ВИДЕО) Душебаев: Со Раул работев уште од дете, но вечерва немам друг избор освен да го победам

Алекс Душебаев вели дека има голема почит кон Раул Гоналез и Македонија, но вечерва единствена негова цел е Шпанија да победи.

Голема е приврзаноста помеѓу Шпанија и Македонија кога станува збор за ракометот. Раул Гоналез за прв пат ќе се сретне против својата земја, а во Шпанија еден од клучните играчи треба да биде поранешниот вардарец, Алекс Душебаев.

„Со Раул работев уште како дете, бидејќи, пред да дојдам во Вардар, бевме во Сиудад Реал, кога тој беше помошник тренер на татко ми. Секако дека имам голема почит за него како личност, но и за Македонија како земја, бидејќи во Македонија ме третираа одлично. Бев среќен додека играв таму и таа секогаш ќе остане една од моите омилени земји. Меѓутоа вечерва немам други избор освен да ги победам и Македонија и Раул, бидејќи влогот е голем. Победа против ривал кој веќе има три поени ќе нè задржи на патот до нашата цел, додека пораз би бил огромен чекор назад“, вели Алекс Душебаев.

„Македонија е составена од многу добри играчи кои не се големи но се силни. Мислам дека ќе се обидат да ја прекинат циркулацијата на топката во нашите напади“.

„Кире Лазаров е еден од најдобрите ракометари во светот. Имам фантастичен шут и е способен да го носи целиот тим на грб. Имаме голема почит кон него“.

Очекувана е атмосферата во Вараждин пред мечот против Шпанија. Фан зоната која е планирана за македонските навивачи уште сега е полна и постојано ечи македонска песна. Се надеваме дека така ќе биде и по завршување на мечот против „црвената фурија“.

“Излези Ѓурѓо” ечи во фан-зоната во Вараждин 

Коментари

Популарно