ВИДЕО: Ова е рекацијата на прлепчанецот што ќари над 500.000 евра во кладилница

Ване Лесноски од Приле доби над половина милион евра на два тикета со 23 комбинации. Вложи само 300 - 400 денари. Лесноски остана без зборови во последните минути од мечот Севилја - Манчестер Јунајтед, кој заврши без голови, а беше клучен, зашто милионерот од Прилеп играл О и 2. Пред последниот свиреж на судијата, добитникот трепереше. Се броеја секундите од продолжението. И дуелот заврши без голови. Од сите страни овации за поддршка на добитникот. Скокаа од радост неговите пријатели во обложувалницата. Тој рече дека вложил во одбрана, на последниот резултат, но не кажа колку. Само дека било малку во споредба со добивката. 

Ване кој живее во Прилеп по враќањето од Австралија често типува. Имал добивка од 25 илјади евра. Сега погоди за 35 милони денари или над 550 илјади евра. По крајот на мечот јазикот му се заврза од возбуда. Сепак се созеде и рече дека е ова е најголема добивка во светот во споредба со влогот. Не кажа како ќе ги троши парите, оти занеме. Не можеше да ја изрази радоста од дното на душата.

Коментари

Популарно