ПАЈАЦИТЕ ПРАВАТ ПЕПЕЛ: Дневно се креваат преку 100 возила – расипништвото на СДСМ се финансира од парите на народот!

Во еден ден кренати 92 возила од пајак службата. Според информациите на МВР пајак службата во еден ден кренала 92 возила во Скопје. Градските власти под контрола на Шилегов удрија по граѓаните уште од самото доаѓање на власт.Пајаците редовно се на сkопските улици.

Но, зголемената активност на пајак службата во градот Скопје не е единствениот начин преку кој се полни буџетот и се финансира расипништвото на владата на СДСМ, која парите ги троши на набавка на нови луксузни возила, морски плодови, скапа храна и апетисани, алхохолни пијалоци, авионски билети од прва класа и претстој во хотели како „Хилтон“.

Имено, расипништвото на СДСМ го плаќаат и граѓаните од внатрешноста каде во послдните два месеци е значително зголемено присуството на полиција, а бројот на казни е за три пати поголем. Најчесто се казнуваат возачи без записници, туку само врз основа на констатација на полицаецот.

На Шилегов пак, му стана пракса да удира по џебот на граѓаните чии пари потоа ги користи за деструкција како рушење на споменици, и „инвестиции“ во дрво кое чини астрономски 650.000 евра.

Ваквата пракса ја следат и скопските градоначалници. Како за пример по наредба на Златко Марин пајак службата во минатиот месец подигна 300 возила од паркинзи кои веќе ги имаат платено.

Коментари

Популарно