Со стапови ги оштетиле вратата и прозорците, му влегле дома и го претепале

Според полицијата околу 22.30 часот во куќата сопственост на Д.С. (37) на ул. „Радишани“ во Скопје, со возило опел вектра дошле три лица, од кои едно е Д.Т. од Петровец. Тие со дрвени ја оштетиле вратата и прозорците, и физички го нападнале Д.С. и му нанеле повреди по телото.

После тоа напаѓачите побегнале од местото, а Д.С. со екипа на Итна медицинска помош бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, каде му била укажана лекарска помош.

Д.Т. бил приведен во Полициската станица Кисела Вода.

Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот. 

Коментари

Популарно