Коѕијас добил писмо со куршум за прашањето за името

Грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас повторно добил заканувачко писмо и куршум за прашањето за името и преговорите што се во тек, објави весникот „Та неа“, пренесува МИА.

Весникот пишува оти на почетокот од неделава во грчкото Министерството за надворешни работи пристигнал куршум завиткан во писмо адресиран до Коѕијас, но дека не е целосно познато што точно се случило и дали функционирала или не безбедносната мрежа во Министерството за откривање на сомнителни писма и пратки.

Куршумот, заедно со дописот биле веднаш испратени до полицијата за да се направи истрага и да се открие испраќачот.

Според досегашните најави Коѕијас следната недела треба да допатува во Скопје на средба со шефот на македонската дипломатија Никола Димитров

Коментари

Популарно