Бизарно убиство во Врање: Острел нож за мајка му, го убил соседот

Полицијата од Врање уапсила 43-годишен жител од околните села кој е осомничен дека го убил својот сосед со повеќе убоди од нож, а претходно со истиот нож се заканувал дека ќе ја убие мајка си.

Телото на убиениот човек е пронајдено кај селскиот пат, а осомничениот бил лоциран во друго село во околината на Bрање, каде е и уапсен.

Според сведоштвата и досегашната истрага, уапсениот Н.Ц. живеел во куќа со уште 10-20 кучиња, а на горниот кат живеат неговата мајка и неговиот брат близнак. Соседите за полицијата изјавиле дека Н.Ц. отсекогаш бил мрачен и сомнителен, а мајка му и брат му се фини и коректни.

Осомничениот најпрво се заканил со штотуку наострен нож на мајка му, дека ќе ја убие доколку не оди да бара храна за кучињата во контејнерите. Исплашената жена тргнала.

Несреќниот 64-годишен сосед случајно поминувал покрај нивната куќа, а едно од кучињата му се приближило и тој го погалил. Тоа го налутило Н.Ц., кој всушност мислел дека соседот му ги труе кучињата и потоа со ножот со кој се заканувал на својата мајка, го нападнал соседот, го влечел накај патот, му нанел најмалку 14 убоди и потоа му го пресекол гркланот.

Коментари

Популарно