Уште една кривична пријава за Паско Кузман - за што се товари?

Нова кривична пријава  е поднесена против поранешниот директорот на Управата за заштита на културно наследство Паско Кизман. 

Финансиската полиција го гони за злоупотреби при Возбновување на Свети Киментовиот Универзитет на Плаошник. Кривичната пријава се однесува на уште едно лице од Хрватска, вработен во спитската комоанија ,,Конструктир инженеринг” која своевремо беше вклучена во реализацијата ан капиталниот проект на Плаошник.

Кузман во текот на 2010 година по претходно спроведена постапка за јавна набавка, склучил Договор за изведба на градежни работи за возобновување на Светиклиментовиот универзитет со изведувачот Конструкторт Инженеринг АД Сплит, за што е обезбедена банкарска гаранција за понудата, но не и банкарска гаранција за квалитетно извршување на работите, велат од Финансиската полиција.

Одговорното лице на сплитската компанија на 20-ти декември 2010 година до Управата за заштита на културно наследство, доставил времена ситуација и градежна книга со невистинита содржина во која лажно прикажал дека на објектот биле набавени материјали и извршени градежни работи, во вкупен износ од над 19.милиони денари.

Кузман  го дозволил тоа, при што иако не бил избран надзорен орган и одобрение за градба, дозволил да бидат исплатени 19 милиони денари. Првиот човек на управата, иако бил должен, не го раскинал договорот и и не ја активирал обезбедената банкарска гаранција во висина од близу 15 милиони денари.На ваков начин го оштетил Буџетот на РМ во вкупен износ од над 34.милиони денари.

Управата за заштита на културно наследство го рaскинала договорот со „Конструктор инженеринг“ и во текот на 2012 година

Кузман за охридските медиуми изјави дека ќе биде колатерална штета на случајот, но нагласи дека го раскинал договорот со споменатата фирма откако не ги започнала работите.

Коментари

Популарно