(ВИДЕО) Заев: Најверојатно ќе има референдум за името

Премиерот Зоран Заев на денешната средба со новинарите изјави дека на Македонија потребен и е референдум за името и најверојатно ќе го, но не се знае точно кога.

Како временски за спроведување на референдумот тој ги посочи периодите пред влегувањето на Македонија во НАТО или потоа, пред влез на Македонија во ЕУ.

Заев истакна дека прашањето кое би било поставено на референдумот се уште не е познато бидејќи е прерано да се разговара за текстот со оглед на тоа дека се уште траат преговорите за името.

Македонскиот премиер истакна дека како владата така и опозицијата се за референдум по ова прашање, па би сакал референдумот да биде подджан и организиран од сите партии вклучувајќи ја и најголемата опозициска партија, ВМРО-ДПМНЕ.

Сепак, најголемата албанска партија во моментов, ДУИ, се противи на идејата за спроведување референдумско прашање за името. Ова го потврди и вицепремиерот Бујар Османи кој рече дека доколку СДСМ и остантите владини коалицинери инстистираат на референдум, тие ќе го поддржат, но и понатаму остануваат на ставовите дека рефендумот може да донесе големи последици во меѓупартиските и меѓуграѓанските односи.

„Албанците и ДУИ се конструктивни за ова прашање, би ја прифатиле одлуката да има референдум, но потсетуваме на можните ризици кои ќе произлезат“, рече Османи.

Во врска со преговорите за името, премиерот Заев посочни конкретно кои прашања останаа нерешени. Од седумте точки за кои се преговара нерешени останале прашањето за името, јазикот, потеклото, идентитетот и промената на Уставот на РМ.

„Благодарни сме за разбирањето од грчката страна за овие чувствителни теми, благодарение на тоа блиску сме до решение и за овие прашања. Тие исто така имаат разбирање и за потребата од двотретинско мнозинство во парламентот за промена на Уставот, па се бара друго идеално решение“, рече Заев.

Коментари

Популарно