ФОТО: Падна плафонот во бањата во студентскиот дом „Кузман Јосифовски Питу“

Условите во студентските домови од ден на ден стануваат се` полоши.

По појавувањето на змија во „Стив Наумов“ која ги преплаши студентите,  нов скандал кој можеше да премине во вистинска трагедија- падна плафонот во „Кузман Јосифовски Питу“.

Студентите револтирано прашуваат што уште треба да се случи за да се поведе грижа за условите во кои тие привремено престојуваат.

Изминатиов период, студентите тврдеа и дека повеќе од еден месец немало топла вода во „Стив Наумов“ и дека не се води никаква грижа за домовите во кои се сместени.

Коментари

Популарно