Откриена тајната на песната „Игри без граници“ на Тоше

Иако многумина се обидуваа да ги одгатнат скриените пораки во неа, мислејќи дека го опишува животот на пејачот, вистината е дека таа воопшто не била наменета за Проески.

– Тоа е песна што ја напишав пред да го запознаам Проески. Една или две години пред да ја отпее Тоше, се сретнав со продуцентот Никша Братош, кој соработуваше со Тоше, и му реков дека имам песна што не сакам да ја дадам на никого, туку сакам да ја отпеам сам, дури и да ја упропастам, но бесплатно да ми помогне да ја средам. Ме праша како се вика, му реков „Игри без граници“ и тој веднаш се согласи – раскажува Мирослав Дрљача Рус, автор на песната.

– По некое време, додека заедно се возевме со автомобил, Тоше почна да пребарува по моите цедиња барајќи песни за кои слушнал дека не сакам да ги давам на други и првата што ја најде беше „Игри без граници“. Тоа беше крај. Рече дека тоа е песна за него и воопшто да не сонувам за тоа да ја пее некој друг – додава Рус.

Кога стигнале во студиото со таа песна, многумина зборуваа дека таа песна е тешка за него и дека е сė уште премлад.

– Кога ја отпеа песната сите беа воодушевени. Ја отпеа од прва и потоа ме повлече на страна, загрижен за тоа како звучел. Му реков дека ја отпеал подобро отколку што јас ја напишав – се потсетува Рус.

Коментари

Популарно