Симптоми што укажуваат на цистит на мочниот меур: Можеби го имате, а не знаете

Циститот на мочниот меур ретко се појавува и честопати не предизвикува никакви симптоми, но ако ги почувствувате овие работи, мора веднаш да одите на лекар.

Симптомите најчесто се чувствуваат кога цистата ќе се инфицира или значително ќе порасне, а главни знаци се: болка во текот на мокрењето, крв во урината, болка при потребата за мокрење, зачестено мокрење, неспособност да се контролира мокрењето, честа потреба за мокрење во текот на ноќта, болка во долниот дел од грбот и чуден и засилен мирис на урината.

Докторите воглавно ги дијагностицираат цистите со скенер и ултразвук, а се верува дека причината за оваа појава е користењето катетер, операција на мочниот меур, камен во бубрег и честите уринарни инфекции.

Циститот може да предизвика компликации како што се затнување на текот на мочниот меур, опасни инфекции, а разни компликации можат да настанат и при пукање на цистата.

Коментари

Популарно