Кои болести можете да ги префатите од бакнување?

Еве кои болести можат многу лесно да се пренесат преку бакнување од 10 секунди.

1. Респираторни вируси

Преку бакнеж може да се заразите од настинка, грип, заушки, сипаници. Сите болести што се пренесуваат со кашлање, кивање и допир можно е да се пренесат и преку бакнеж.

2. Мононуклеоза

Инфективната мононуклеоза се нарекува и „болест на бакнувањето“, а станува збор за заразна болест најчесто предизвикана од Епштајн-Баровиот вирус. Симптомите се слични на грип, а најчесто заболуваат млади на возраст меѓу 15 и 30 години.

3. Херпес Симплекс 1

Оралниот херпес што предизвикува болни гнојни ранички на усните и лицето се пренесува преку бакнеж, храна, кашлање и кивање.

4. Цитомегаловирус

Станува збор за вирус од семејството на херпеси со кои нашето тело успешно се бори, така што некои не ни знаат дека се заразени. Симптомите се чувствуваат најчесто кога имунитетот ни е ослабнат, а тоа се температура и болки во мускулите, додека во тешки случаи може да дојде и до напади, воспаление на бели дробови и проблеми со видот.

5. Стрептокока од групата А

Може да се лечи со антибиотици, а доколку не се лекува доведува до воспаление на белите дробови.

Коментари

Популарно