Дали владата ќе го тужи Лозано?

Владините служби утре ќе одлучуваат дали ќе го тужат музичарот Влатко Лозаноски-Лозано кој што вчера одби да настапи на прославата по повод добивањето на условната покана за влез во НАТО.

Лозано беше еден од четириесетината артисти, како што ги нарекува владата кои што требаше да ја забавуваат публиката. Тој требаше да да настапи во Охрид но пред концертот одлучил да не настапи затоа што најважна за него е публиката која што овој пат не ја поддржа најавата за негов настап на политички собир.

Во своето обраќање до јавноста Лозано вели дека е свесен за тоа дека може да биде тужен од страна на владата, но е подготвен за сите последици.

За непочитување на потпишаниот договор Владата може да покрене тужба за непочитување на договорот при што Лозано и останатите кои одбија да настапат или се повлекоа во текот на настапот поради малиот број на публика ќе треба да платат високи пенали. Во владата се размислува и за опцијаата артистите кои бојкотираа само да ги вратат парите ако веќе ги добиле или да се согласат на писмено дека нема да ги бараат затоа што сами го прекршиле договорот.

Неофицијално, владини извори велата дека ќе се направи обид за мирно надминување на проблемот затоа што Лозано е многу популарна и влијателна личност и Владата не треба дополнително да влегува во конфликти со јавноста пред референдумот за името.

Коментари

Популарно