(ВИДЕО) Стави капка масло, а крлежот почна да бега – цел регион е воодушевенМакедонска манекенка на тапет кај Сергеј: Изгледа светски, а е Скопјанка

В

о новото издание на емисијата „Мода“, модниот критичар Сергеј Варошлијаповторно имаше многу работа. Овој пат во анализата со листа на имиња се најде една модна блогерка со локација од Европа.

Меѓутоа, кога веќе се зборува за нешто многу добро, тој не можеше, а да не го потенцира македонскиот производ спакуван во светски рамки.

Имено, ја спомена македонската манекенка Катарина Ивановска каде врз основа на една нејзина фотографија во позитивен контекст искоментира со следниве зборови: „Tука ќе молчиме сите“ и додаде:

„Како може Катерина Ивановска да има гламурозна коса, совршен мејкап, кој не е агресивен, да има и веѓи кои се во тренд. Облечена е во дизајн на наш дизајнер Игор Марков, има елеганција во движењето, свртена е од позади, не ѝ се гледа задникот, изгледа елегантно, софистицирано, женствено…  Изгледа светски, а е Скопјанка.“ – беше искрен Сергеј Варошлија.

Емисијата „Мода“ со Сергеј Варошлија може да ја погледнете во видеото подолу:

Коментари

Популарно