Мерко исече 50-годишни дрвја оти им влегувале во прозорците на стружани

При реконструкцијата на дел од шеталиштето во центарот на Струга денеска општинските власти исекоа три 50-годишни дрвја.

Откако екипите ангажирани од Општината почнаа со сечата, на шеталиштето се собраа граѓани кои бараа од нив да престанат со уништување на зеленилото. Но, работниците продолжија да сечат, по што следеше жестока кавга, па сечата беше прекината.

Градоначалнiкот на општина Струга Рамиз Мерко вели дека на централното шеталиште во Струга биле исечени три стари дрвја бидејќи тие им влегувале во прозорците на стружани во блиските згради.

„Одлучивме да ги исечеме овие дрвја затоа што имавме поплаки од станарите на неколку згради кои се жалеа дека гранките им влегувале во прозорците и балконите. Тие дрвја се стари повеќе од педесет години. Наша определба е на местата на исечените дрва, да посадиме нови садници“,изјави градоначалникот на Струга Рамиз Мерко за СДК.

Коментари

Популарно