Детали за крвавата тепачка во Аеродром

Момче синоќа беше брутално претепано пред угостителски објект во Аеродром, од повеќе лица.

Во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека на улицата „Методија Шаторов Шарло“ пред  угостителски објект повеќе лица, од кои тројца пријавителот ги познал, физички ги нападнале В.Г.(27) и М.З.(21) и двајцата од Скопје. В.Г. во еден момент изгубил свест. Потоа, заедно со М.З. со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ во Скопје.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Скопје и се преземаат мерки и активности за целосно расчистување на случајот.  

Коментари

Популарно