Англија ја порази заслужено Шпанија

Англија стигна до импресивна 3:2 победа на гостувањето во Севилја кај фаворизираните Шпанци и во исто време им ја искомпликува ситуацијата на светските вице-шампиони Хрватска, оставајќи ги убедливо на дното во групата 4 во Лига А. Рахим Стерлинг погоди двапати, а Маркус Рашфорд додаде уште еден гол во неверојатното прво полувреме во кое селекцијата на Герет Саутгејт ја шокираше „Фуријата“ и нивниот селектор Луис Енрике.

Во второто полувреме, Шпанија се обиде да ја врати рамнотежата и во 58. минута намалија на 3:1 со уште еден гол на Пако Алкасер, кој игра како препороден откако замина за Борусија Дортмунд. Во 98. минута од мечот, Серхио Рамос само го намали водството на Англичаните, но вкусот на голема победа остана. Сега, Шпанците остануваат први со шест поени, но Англичаните се тука зад нив со 4, додека Хрватите имаат само еден, со тоа што гостуваат кај „албионот“. Босна и Херцеговина е на чекор до обезбедувањето на првото место откако гол-машината Един Џеко на својата „Грбавица“ постигна два гола за победа над Северна Ирска. БиХ сега има 9 поени на првото место, пред Австрија со 3, додека Северна Ирска е без поени.

Коментари

Популарно