Оваа пејачка веќе нема да ја гледате во “Пинкови звездички“

Јелена Томашевиќ веќе нема да биде член на жирито на музичкото шоу „Пинкови ѕвездички“. Таа си оди од шоуто по 4 години оти почнува нов музички проект. Веста за заминувањето ја објави на својот инстаграм-профил. „Мили мои, изминатите четири години во нашите ‘Пинкови ѕвездички’ запознав многу прекрасни деца, слушав преубаво пеење, се смеев и плачев од среќа со моите колеги од жирито. Дојде време да се разделиме, барем за сега. Пред мене е голем и важен музички проект заради што ќе бидам често зафатена. На членовите на жирито им посакувам успешна сезона. Секогаш ќе навивам за сите идни натпреварувачи и ќе чекам да пораснат и да ми се придружат на сцената“, напиша пејачката

Јелена е една од најпопуларните српски пејачки во моментов. Таа ја претставуваше Србија на „Евровизија“ во 2008 година во Белград со песната „Оро“. Има издадено два албума. Мажена е за актерот Иван Босиљчиќ со кого ја има ќерката Нина. Таа следниот месец во Скопје ќе настапи на концертот посветена на Тоше Проески

Коментари

Популарно