Почнува сезоната на слави, празнувајте ги правилно

Митровден е во четврток 08 ноември започнува сезоната на слави... , слава која се прославува во голем број македонски домови, на еден начин почнува православното прославување на светците...секако, најголем број домаќинства го прославуваат Свети Никола...И, секоја куќа како да си има свои правила ...Некои прославуваат три дена, други само еден ден и се знае дека Свети Никола е посна слава... Православниот заштитник на еден македонски дом се обележува со одредени правила и обичаи. Меѓутоа, многу од обичаите немаат никаква врска со нашата традиција.

Се’ повеќе има домаќини кои себеси си дозволуваат планирање на славата по сопствени убедувања, така што целата слава се претвора во обична „пијанка“. Многу домаќини не знаат каде и е местото на славската икона, па ја чуваат закачена на било кој ѕид, или пак на ормарите како украсен детаљ. Иконата всушност без никакво сомнение, се чува закачена на источниот ѕид, бидејќи според православните учења од истокот доаѓа Спасителот. Најголем грев е кога славата за време на големи пости се слави како мрсна слава. Затоа, свештениците велат, подобро не го славете Свети Никола, отколку да го славите со мрсна трпеза. Како треба да се одбележи домашниот празник (слава, надеж, љубов и молитва) -Тоа е пред сè духовен настан, којшто треба да се одбележи со израз на вера, надеж, љубов и молитва. -Името „слава“ значи славење на Бога и прославување на светите Божји угодници, преку благодарење за добрините што ни ги дал Бог и за помошта од светиите, како и наша молитва за натамошно нивно застапништво за нас. -Домашен празник (славата, крстено име или именден) не се одбележува само со богатото гоштевање, туку и со молитва, вера и со добри дела. -Јадењето и пиењето не се грев, но прејадувањето и опивањето или прекумерното расфрлање се гревови. Црквата го благословува она што е во разумни граници, а другото го забранува. Потребности 1) Свеќа – Симбол на светлината Божја, на Господ Исус Христос, Којшто рекол: „Јас сум светлината на светот“ (Јован 8, 12), светлина на спасението, светлина на животот. 2) Празничен леб (колач) – Го симболизира Господ Исус Христос, Којшто рекол: „Јас сум лебот на животот, кој јаде од Мене…“ Ја претставува Светата Причест – телото Христово: „Зеде леб, го благослови, го прекрши и им даде на Своите ученици и апостоли и рече: „Примите, јадете, ова е Моето тело.“ Се меси спроти празникот. Во пченичното брашно се тура богојавленска вода и света вода осветена на славата, сол квасец и обична вода, колку што треба. Додека кисне тестото, се замесува друго тесто со брашно и исклучиво ладна вода, месејќи го тврдо, па се расплеснува на дебелина од 2-3 милиметри. На него се ставаат пет мали печати од просфорникот за да се направи крст на колачот. Тие се оставаат покриени со најлон или крпа за да се пресушат, па се прават и други фигури: цветови, листови, гулаби, пченица, гроздови и сл. а ???? се прави и плетенка за цел празничен леб. 3) Вино – ја симболизира Крвта Христова. Света Причест: „И откако ја зеде чашата, ја благослови и рече: „Пијте од неа сите…“ 4) Жито – Го симболизира воскресението и вечниот живот. Зрното умира, гние и воскреснува – расте во ново. Пченицата се треби и мие и се вари 10-ина минути. Потоа во добро затворен сад, се обвиткува со ќебе и се остава 6-7 часа, па се мие, се цеди и се остава на платно да се исуши. Се додава шеќер, ореви и суво грозје и се обликува во чинија. Врз неа се прави крст од бадеми, ореви и шеќер во прав. Што се прави на празникот? На празникот семејството оди в црква. Таму го носи празничниот леб, пченицата и црвеното вино за осветување, со список на членовите од семејството. По причестувањето, се осветува празничниот леб и се враќа дома. Дома, пак, доколку така договориле со свештеникот, треба да има на масата наместено: икона на светителот, празничен леб, пченица, вино, свеќа, кандилце, кадилниче, нож и список од членовите на семејството. Кога доаѓа свештеникот, се пали свеќата (по можност од чист восок) и во кадилничето се става темјан. Семејството и присутните, крај свештеникот, свртени кон исток, заедно се молат. По осветувањето и прекршувањето на празничниот леб, започнува празнично почестување и служење на гостите. Прво се послужува од пченицата. Секому му се понудува, а тој станува, се прекрстува и каснува од пченицата, честитајќи го празникот и изговарајќи благопожелби кон славениците. Празичниот леб се сече на парчиња и се поставува на масата, за секој прво да земе од него, за потоа да се послужи од сè што е поставено за празникот.

Коментари

Популарно