Левински “Во еден момент го прашав дали сака да продолжи- рече дека ...“

 Во вторникот во списанието Vanity Fair беше објавен  есеј во кој , Моника Левински (45) напиша дека, во случај да се сретнат лице в лице, ќе ѝ се извини на Хилари Клинтон (71) поради аферата со нејзиниот сопруг Бил Клинтон (72), поранешен претседател на САД.

„Моите први јавно изговорени зборови по скандалот беа директно извинување на ќерката Челзи и на Хилари Клинтон. Ако некогаш ја сретнам Хилари, повторно би ѝ кажала колку искрено жалам за се што се случи… Не очекувам нивна прошка, но сакам да знаат колку лошо се чувствувам за сите лоши работи што ги доживеале поради мене, напиша Левински, а пренесе NBC News .

Освен во есејот во Vanity Fair, Моника за секс скандалот  проговори и во документарната серија „Аферата Клинтон“, во кој таа изнела досега непознати детали за нејзиниот однос со Бил Клинтон. Левински, меѓу другото, се сеќава како тој и подарил игла за шапка и книгата „Листовите на тревата” од Волт Витман.

„Таква интимна книга не се дава лесно и секому … Овој подарок ме увери дека меѓу нас навистина има нешто, иако јас се сомневав до тогаш, мислев дека можеби се само сум си замислила … Тргнавме кон бањата, тој ми даваше комплименти, јас му возвраќав и станувавме се поинтимни … Во еден момент го прашав дали сака да продолжи- рече дека сака, иако во сите наши претходни средби се откажуваше кога доаѓавме до критичната точка, вака Моника го опиша сексот со Клинтон во бањата на Овалната канцеларија.

Синиот фустан извалкан со сперма Левински истиот ден го носела на вечера, а трагите од односот ги приметила по неколку дена, кога фустанот го пробувала пред пријателка, која ја наговорила да го сочува.

Коментари

Популарно