Кучиња му го изеле лицето на Жарко во сопствениот дом

Шеесет и седум годишниот Жарко Ж. од Српска Црња го изеле кучињата со кои живеел несреќниот човек, во неговата трошна куќа полна со отпад на периферијата од ова село, на самата српско-романска граница. Не е познато дали го растргнале додека бил жив или починал, па после му ја изеле утробата и лицето.

Александар Ѓурин, првиот сосед на Жарко, вели дека тој и уште еден сосед се посомневале дека нешто се случува, бидејќи велосипедот на Жарко со денови бил потпрен на капијата.

-Оние кои го виделе безживотното тело велат дека сцената била како од најстрашниот хорор филм. Велат дека глетката која ја виделе ќе ги прогонува целиот живот. Кучињата со кои живеел во соба го изеле. Пред неколку години од двор му земаа 16 кучиња, а сега имаше многу повеќе. Сите беа неухранети. Мојот сосед Жарко вака живееше 20 години, иако во селото има и постар брат. Да не го пронајдевме на време, веројатно цел би го изеле. Ќе останеа само коските - кажал Александар, кој додал дека во селото не се памети ваква трагедија.

Коментари

Популарно