ФОТО: Зад камерите на „Нашата Дениз” – се случува „лудило”

Манијата на гледање на шпански серии од 90-тите и почетокот на 2000-те полека но сигурно ја заменивме со гледаше на турски серии. Па како во регионот така и кај нас најгледаните турски серии се прикажуваат на телевизиските екрани, а турските глумци иако не доволно познати за нашата јавност стануваат навистина примамливи и будат голем интерес. Како нивните лични животи така и живото позади сцените на нашите омилени серии будат заинтересираност кај македонската публика, која сака да знае што е можно повеќе за своите омилени ликови.

Со таа цел погледнете што се случува зад камерите на моментално една од најгледаните серии „Нашата Дениз“. Вистинска дружба, смеа и урнебес.

Коментари

Популарно