ВИДЕО: Аделина Тахири, црнците и предрасудите

Македонскава програма заживеа со кратки забавни емисии. Еве повторно се вратија „Бекстејџ“ и „Ексклузив“ и да не се тие, некако ќе останеше подзаборавено колку естрадата и личностите од јавниот живот кај нас се навистина забавни.

Еве да не фатев „Бекстејџ“ пред некој ден додека се спремав да си легнам, немаше да знам дека Аделина Тахири, која патем навистина убаво изгледа, се омажила за Македонец, што веројатно е мој пропуст, но и дека е личност, која нема ништо против никого – освен црнците. Додуша, нема ни против црнците, ама мисли дека другите би имале и некако малку измешано стана сè.

Најавата на водителката, со најмонотониот глас што некогаш сте го слушнале (евентуално на тв Едо) дека „сите ние сме луѓе без оглед на возраста, полот и бојата на кожата“ и дека по тоа се води Аделина Тахири која „периодов процвета и од среќа и од љубов“, како што оди прилогот ќе стане некако обратнопропорционална со крајот на истиот.

Водителката констатираше дека нивниот брак кренал прашина бидејќи таа е Албанка, а тој Македонец и посака да слушне за предрасудите и како нејзините родители реагирале на тоа, а одговорот следеше отприлика вака:

„Кога принцот на Англија ја прифати Меган Маркл без никакво прашање и одговор, зошто треба да е нашата љубов драматична. Ние сме нормални луѓе, живееме во околина каде е нормално да се има таков брак, живееме во држава каде има и Албанци и Македонци. И во кафичов има и Албанци и Македонци, не е ништо тоа ненормално, затоа што тука нема црнци, па да кажат: „Леле зема црнец“!“ Нема ништо лошо, за мене е нормално тоа што се случи меѓу нас...

Да, така е, нема тука ништо лошо, освен (несреќниот) избор на зборови на Аделина, што не треба да е нормален.

Автор: Бети од трети

Коментари

Популарно