Напаѓачот на Манчестер сака да си замине

стратегот на Манчестер јунајтед- Жозе Мурињо,  се повеќе ја губи довербата кај дел од своите фудбалери. Освен познатиот случај со францускиот ас Пол Погба, незадоволство од работата на Португалецот искажа и Марсијал кој сака да ја смени средината.

Последниот фудбалер кој го дигнал гласот против Мурињо е Белгиецо Ромелу Лукаку кој преку својот агент сака да добие дозвола да си оди од „Олд трафорд“.

Лукаку беше преселен на клупата за резерви по слабите партии, па сега реши да го крене гласот против трофејниот тренер.

Тешко е за верување дека Јунајтед ќе се ослободи од голгетерот Лукаку сега на средина од сезоната кога тимот е во променлива форма со заостаток од 18 бода зад лидерот на табелата во Премиер лигата.

Коментари

Популарно