ФОТО: Груевски слободно си се шета низ Будимпешта!

Дописникот на „Гардијан“ од Унгарија, Дан Нолан го фотографирал Никола Груевски, поранешниот македонски премиер во Будимпешта, а фотографијата ја сподели на Твитер со наслов “Те фатив”.

Колегите од Канал 5 го контактирале Ноланд кој не открил кој ја направи фотографијата, но потврдил дека другото лице на истата е Александар Трајковски, советник на ВМРО-ДПМНЕ во општина Гази Баба.

Во прилог на тоа оди и профилната фотографија која Трајковски ја има на неговио Фејсбук, каде што тој е облечен во зимска јакна која е практично идентична со таа што ја носи на фотографијата со експремиерот.

Коментари

Популарно