Таткото на Вајнхаус „обвинет“ за нејзината смрт

 На 23 јули 2011 година  почина  Ејми Вајнхаус , имаше само 27 години. По трагичниот настан многу луѓе прстот го вперија во нејзиниот поранешен сопруг Блејк Филдер, барајќи го виновникот. Тој не се спротиставуваше на обвиненијата, туку јавно призна колку вината го „јаде“. Наводно, тој ја навлекол на хероин, а тој ја чинеше живот. Меѓутоа, седум години подоцна, Блејк, реши да го обели својот образ и да ја тргне одговорноста за немилиот настан.

„Секогаш ќе се чувствувам виновен, но не сакам да бидам единствената личност што е виновна. Ејми не правеше ништо што не сакаше да прави. Требаше да имам поинаков пристап кон сето ова“, изјавил Блејк за „Добро утро, Британија“, каде што детално го објаснил односот со славната пејачка.

„Ејми и јас бевме заедно шест-седум години, но не во континуитет. Нашата врска беше турбулентна. Имавме едно сериозно раскинување кое беше проследено од медиумите, но и тогаш се смиривме. Со години сите ме обвинуваат поради употреба на дрога, но вистината е дека ние, за време на нашиот брак, користевме дрога само некои шест месеци и тоа беше сè. Претходно Ејми никогаш не користела супстанции, освен марихуана. Јас зедов хероин само четири или петпати“, признал Блејк.

Тој во интервју во 2013 година за „Индипендент“ раскажал како Ејми почнала да употребува супстанции и за штетата што ја претрпел нивниот брак и семејство.

„Пушев во хотелската соба во која бевме сместени, таа дојде и ме праша дали може и таа да проба. Се бунев и не сакав да ѝ дадам, но што и да направев, ќе беше залудно бидејќи на крајот таа пак ќе пробаше. Секако дека сега ми е жал за тоа, не само за штетата што ја направив, туку и за штетата што ја претрпеа нејзината и мојата фамилија, но и јас. Поминавме низ многу нешта поради зависноста“, изјавил Блејк.

Според Блејк, тој и Ејми се развеле бидејќи така сакал нејзиниот татко.

„Тогаш бев во затвор, а татко ѝ ми рече дека ако навистина ја сакам, ќе се разведам од неа и ќе ја пуштам да живее, па тоа и го направив. Ејми и јас зборувавме за тоа и одлучивме да се разделиме за да имаме мир, а исто така се договоривме дека во иднина најверојатно повторно ќе се венчаме“, признал Блејк.

Блејк во 2012 година заврши во болница откако зел опасен коктел од алкохол и наркотици. Мајката на неговото петнаесетмесечно бебе, Сара Аспин, го пронашла во кревет како се задушува. Блејк бил пренесен во болница каде што му било контактирано откажување на повеќе органи. Тој бил во кома две недели.

Коментари

Популарно