Миленко Неделковски може да добие 5 години затворска казна

Новинарот и водител, Миленко Неделковски, на 17 јануари 2019 година првпат ќе седне на обвинителна клупа како обвинет за ширење расистички и ксенофобичен материјал на интернет. 

Обвинетиот како јавна личност – новинар, на неговиот јавен профил на „Фејсбук“, објавил коментар по повод пожарот на грчкиот полуостров Атика во кој имаше човечки жртви. Неделковски, според обвинението, со коментарот промовирал омраза кон Грците како етничка група, кои биле засегнати од катастрофалниот пожар.

За ова кривично дело, во Кривичниот законик, предвидена е казна затвор од една до пет години.

Ќе му суди судијата Марин Станевски, кој го суди случајот со смртта на малата Тамара.

Коментари

Популарно